Ковачевски и Вучиќ „фатени“ како зборуваат за струјата: Како ли ќе издржиме?

by fokus

Во рамки на Саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ од камерите на српската телевизија Н1 беа „фатени“ како во еден неформален разговор изразуваат загриженост за цената на струјата.

Вучиќ му вели на Ковачевски:

-Димитар, како ли ќе го издржиме плаќањето на струја?

А, Ковачевски на српски му одговара:

-Е тоа ќе биде најтешко.

Вучиќ се надоврзува дека за тоа ќе зборуваат во текот на утрешниот ден.

Ковачевски во разговорот открива и дека македонската Влада вчера направила трансфер од 50 милиони евра за струја, а сега се спрема и уште еден трансфер.

Поврзани новости