Ковачевски и Спасовски прикриваат убиство, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Имаме информации кои создаваат сериозен сомнеж дека МВР, Спасовски и Ковачевски прикриваат убиство, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Трипати во тек на едно деноноќие властите менуваат изјави и официјални известувања. КАРИЛ дава официјална изјава, дека станува збор за природна смрт на ракометарот Тот, за по реакциите на јавноста и зголеменото медиумско влијание да каже дека станува збор за смрт причинета од тепање. Ист е односот и од МВР и од Јавно обвинителство. Се менуваа изјави и гледишта“, истакна пратеникот Миле Лефков.

Тој тврди дека нивните информации се дека за убиството имало најмалку десетина сведоци.

„Според нашите сознанија во најблиското опкружување имало полиција која не регистрирала убиство, туку природна смрт на млад човек.Оттука одговорноста на МВР и Спасовски е уште поголема, бидејќи негови екипи биле директно присутни на терен. Наместо да спречи, или во најмала рака веднаш да го расчисти случајот, МВР на Спасовски пуштила да избега убиецот“, додава пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости