Ковачевски и Петков сакаат резултати наместо јазик на омраза

by Фокус

Ова е успех – рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Софија, додавајќи дека денешната заедничка владина седница доаѓа само една недела од неговата прва средба со бугарскиот премиер Кирил Петков во Скопје.

-Денес се работи на теми поврзани со Коридорот 8, образованието… Сето тоа треба да не доведе да и покажеме на Европа дека на Балканот може и треба да се соработува. Ќе покажеме дека сме пример за тоа како се соработува. Кирил и јас сме луѓе кои сакаат ексел-табели и сакаат рокови и остварување – рече Ковачевски.

Петков, пак, истакна дека на синоќешната вечера видел дека дел од министрите планираат конкретни мерки и затоа, како што рече, веќе денеска очекува реални резултати, спогодби, планови во сите од сферите.

-Верувам дека овој дијалог, оваа конструктивна работа ќе го замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминацијата – порача тој.

Поврзани новости