Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска во Софија, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Двајцата премиери, како што соопшти владината прес-служба, имале куса средба со ректорот Атастас Герџиков на која станало збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката межу државните универзитети во двете земји.
Претставниците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознале гостите со заедничката програма на Универзитетот „Харвард“ од САД со Софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на кој гостин професор е и премиерот на Бугарија Петков.