453
Лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе се оддржи во среда во Клубот на пратеници, соопшти Владата.
„Ве информираме дека на покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Средбата е закажана за 7 јуни во среда во Клубот на пратеници во 11 часот“, соопшти Владата.
Од Владата информираат дека на средбата ќе се разговара за измените на Уставот.
„На средбата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“, соопшти Владата.