Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски утрово телефонски разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и договориле средба којашто ќе се случи наскоро.
-Се договоривме во наредниот период да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, меѓутоа поради презафатената агенда навистина во Владата како и поради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација заради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и ќе се случи многу наскоро, бидејќи природно и нормално е двете најголеми партии да комуницираат меѓу себе“, рече Ковачевски во интервју за македонската телевизија.
Тој рече дека на средбата ќе се дискутира за големите предизвици пред кои е исправена Македонија, а тоа е здравствената и енергетска криза како и топлинската криза, за реформи во македонското општество, вклучително реформми во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот.