Ковачевски и Лајчак од Братислава повикаа на итна деескалаиција на состојбата на Косово

by Fokus

Повик за итна деескалација на состојбата во Косово и враќање на мирот и стабилноста упатија од Братислава премиерот Димитар Ковачевски и специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Ковачевски во Братислава учествува на Глобалниот безбедносен форум на ГЛОБСЕК 2023. Тој и повтори дека Северна Македонија го поддржува продолжувањето на соработката и координацијата со НАТО и ЕУ во регионот во насока на консолидирање на стабилноста и забрзување на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

На средбата Ковачевски нагласи дека брзото членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ би спречило чувствителните точки во регионот да ја нарушат безбедноста и стабилноста, а со тоа и да го закочат економскиот развој на регионот.

Премиерот ја потенцираше заложбата на Владата, Северна Македонија како и досега да придонесува за унапредување на регионот како и за неговата мир и стабилност.

„Премиерот потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот“, соопштија од кабинетот на Ковачевски.

Ковачевски ја истакна максималната посветеност на Владата на реформскиот процес во земјава како и на процесот на пристапни преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

„Двајцата соговорници истакнаа дека во државата е потребен политички дијалог и сите општествени, политички, невладини, граѓански чинители во државата потребно е да постигнат консензус како не би се кочел процесот за членство на Северна Македонија во ЕУ“, соопштија од кабинетот на премиерот.

Поврзани новости