Ковачевски и Курти во Виена: Мирно решавање на отворените регионални прашања, придонес за стабилен Западен Балкан

by Fokus

Премиерот, Димитар Ковачевски, во рамки на учеството на Виенскиот економски форум, денеска оствари билатерална средба со косовскиот премиер, Албин Курти.

На средбата со Курти беа реафирмирани заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на меѓусебната соработка со цел натамошно продлабочување и зацврстување на добрососедските односи, со фокус на економската соработка.

Ковачевски и Курти разговараа и за соработката во доменот на енергетиката и потврдија дека од клучна важност е интегрирањето на регионалните пазари на електрична енергија и натамошна активна работа кон обезбедување диверзификација и одржливост на изворите на енергија.

Соговорниците разменија мислења за состојбите во регионот, со осврт на дијалогот Приштина – Белград и беа согласни дека клучно за напредокот на Западен Балкан е мирно решавање на отворените регионални прашања, како и интензивирање на меѓусебната сорабока, што е придонес за стабилност и просперитет на целиот регион.

Поврзани новости