Ковачевски и Бектеши пак ќе одат во маркет

by fokus

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски утрово ќе го посетат маркетот „Кит-Го” во Тафталиџе, најавија од Владата.

Пред две недели тројцата беа во посета на супермаркетот „Рамстор“ во населбата Капиштец, по повод новите замрзнати цени на тестенините и млечните производи.

Премиерот Ковачевски тогаш испазари млеко, леб, макарони. Откако со Бектеши ги разгледа цените, тој купи две пакетчиња макарони, сирење и урда. За целата сметка плати 328 денари.

-Намалени се цените – рече Ковачевски по пазарењето.

Бектеши, пак, констатираше дека мерките со кои се намалуваат цените се почитуваат. Тој најави дека во април ќе следат нови мерки.

Поврзани новости