Денеска во црквата Свети Спас, на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев цвеќе положи делегација од СДСМ, предводена од претседателот Димитар Ковачевски, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска и организациониот секретар Митко Трајчулевски.
„Нека е вечен споменот на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев!
Неговите пораки за единство и сплотеност, за слободна и просперитетна држава се патоказ и света обврска. Гоце Делчев би бил горд за се што направивме во изминатите децении, Македонија напредува, слободна, самостојна, почитувана, рамноправна членка на најмоќниот воен сојуз НАТО, со трасиран пат за членство во ЕУ.
Делото на великанот Делчев, кој го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на независна и европска држава“ порача Ковачевски.