529
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски денеска на своето обраќање во Собранието говореше за францускиот предлог и притоа го цитираше великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски.
„Ја барам вашата поддршка и поддршката на сите граѓани. Бидејќи државата е заедничка за сите и на сите. Сосема на крајот, дозволете да цитирам: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“-напиша Петре М. Андреевски. Јасно, силно, вековито. Да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија, истакна премиерот во обраќањето.