Ковачевски го обвини Мицкоски дека нема став, тој возврати „За мене Македонија ќе биде Македонија“

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот тв дуел со Димитар Ковачевски рече дека за него државата има едно име, а тоа е Македонија и не смета дека требало да го промени однесувањето ако ја добие довербата од граѓаните.

„За мене Македонија е Македонија и така ќе биде“ – вели Мицкоски на прашањето околу променетото уставното име на државата.

„Незнам зошто ние мора да го промениме однесувањето ако ја добиеме довербата на граѓаните. За мене Македонија е Македонија и ќе биде Македонија. За мене мојата држава е и ќе биде Македонија. Моите предци ќе бидат горди на мене а не како на некои кои се срамат од своето поколение“, рече Мицкоски.

Ковачевски му возврати дека тој дури и не ги менувал ставовите, туку тој воопшто немал став.

„Мицкоски не може да ги менува ставовите од еднапричина што тој нема став. Кога имате став носите одлуки. Преспанскиот договор е резултат на работа 30 години, ние за цело тоа време имавме адвокат посредник од САД. Не го постигна Нимиц договорот туку двајца лидери кои си пружија рака. Донесоа одлука и го решија проблемот, нешто што никој друг несакаше и немаше храброст да го реши. Е тоа е лидерство“ – рече Ковачевски.

Мицкоски вели дека тоа што Ковачевски го кажува не е лидерство, туку тоа што некој го направил, ја отворило пандорината кутија.

„Тие прашања се решаваат стратешки. Тоа што се направи во Преспа беше на маса со години уште од времето на Гли горов не е тоа така си подадоа рака и готово. Имало причина сошто сите претходници не го потпишале. Требаше да учиме од сопствените грешки и грешките на нашите претходници. Ние ги исполнивме сите критериуми и претходно но политичкиот момент беше проблемот. Чекор по чекор се доведовме во оваа ситуација. Е јас кога ќе дојдам на власт нема да го дозволам тоа“, рече Мицкоски.

Ковачевски го коментираше случајот во Букурешт кога претходникот на Мицкоски немал храброст да донесе одлука во врска со иднината на Македонија и патот кон ЕУ, во врска со спорот со Грција.

„Вашиот претходник немаше храброст да донесе одлука и да го соопшти тоа на својот народ. Истото сега го правите и вие немате храброст да носите одлуки. Вие не ги гласате уставните измени и сега сме заглавени таму каде што сме. Не е план да седиме да преговараме и да не правиме ништо“, вели Ковачевски.

Мицкоски рече дека не можел да верува дека Ковачевски бил брилијантниот ум којшто постигнал одличен договор со нашиот источен сосед, а со кој се скрои иднината на нашите деца.

„Зошто не седнавте да разговараме, на подадена рака, ви се понудив не го прифативте, пред да одите да преговарате во Брисел. Не верувам во капацитетите на луѓето кои преговараат за иднината на нашите деца“, рече Мицкоски.

Ковачевски му возврати дека чувството на граѓаните како некој да ги сече со нож во стомакот го имал и тој.

„Но јас отидов во Брисел да донесам одлука државата да продолжи на својот европски пат. Вие застанавте. Јас ќе бидам повторно премиерот на Македонија и јас ќе ја внесам државата во ЕУ. Вие сте подготвени да се вратите повторно да преговарате со Грција и пак само да преговарате“, порача Ковачевски.

Поврзани новости