Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август – Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“.
-Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура. Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина! Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас! Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат. Нека ни е честит Илинден – Огниште на татковината!, порача Ковачевски во честитката.