706
Кандидатот за претседател на владејачката партија, Димитар Ковачевски, гласаше на внатрешнопартиските избори за кои од партијата велат дека поставуваат нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена.
За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.