253
Премиерот Димитар Ковачевски, имаше средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
На состанокот е реафирмирана силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија.
Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани.
Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент.
На средбата е заеднички оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел.