414
По реакциите во јавноста за начинот на кој е воден конкурсот во М-НАВ, премиерот Димитар Ковачевски рече дека веднаш ги повикал директорите на владина седница денеска, но тоа во меѓувреме е завршено според барањата на странските експерти.
Ковачевски, посочи дека има позиции што имаат нови директори откако тој е премиер, но дека според него не треба да се прави сензационализам од тоа, туку навистина треба да се работи на начин да се изберат вистински луѓе за вистинско место.
– Досега од тие коишто јас сум ги поставил не гледам дека има некакви недостатоци во работата, туку напротив – добро си ја работат својата работа и се надевам дека така и ќе продолжат, изјави Ковачевски.