Премиерот Димитар Ковачевски заедно со кандидатите за советници од СДСМ беше во Тетово. Официјално започнува локалната кампања за избор на членови на Советот на општина Тетово.
-Советот е особено важен за граѓаните во секоја општина. Советот предлага и реализира одлуки, политики кои се важни за идниот развој на градот, за начинот на функционирање на локалната самоуправа.
Затоа, ги повикувам тетовчани да излезат на вонредните избори на 20 август, и да го искористат своето право да дадат глас за советници кои ќе работат посветено и сериозно за потреби на граѓаните на Тетово.
Ги повикувам сите граѓани на општина Тетово, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност да дадат поддршка на советничката листа на СДСМ.
Заедно да изградиме, модерно, европско Тетово, истакна Ковачевски.