Секогаш сум осудувал и ќе осудувам насилство од било каков вид. Сите треба да бидеме достоинствени во однесувањето во нашата држава и на ист таков начин очекуваме сите странски државјани да се однесуваат кога доаѓаат кај нас, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Ги осудувам сите кои шират немир и прават провокации со цел да се нарушат односите со источниот сосед. Институциите треба да постапуваат согласно закон за сите оние кои ги шират провокациите и сакаат да ги нарушат односите во државата и помеѓу државите во регионот. Тоа се однесува на наши граѓани, но и на граѓани од странство кои сакаат да дојдат во државата и да го прават тоа без разлика од која држава доаѓаат, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.