На овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на државата и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ. На граѓаните им ветуваме надеж за подобра иднина и напорна работа секој ден. А со напорна работа, нема недостижна цел, истакна вечерва во својот говор пред делегатите на 28. Конгрес претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Според него, сите нивни залагања, целата работа и посветеност и тешките одлуки што ги донеле во изминатите седум години биле во насока на тоа, земјата што поскоро да стане членка на Европската Унија.
-Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. Јас знам дека тој пат не е лесен, особено за нас. Јас на своја кожа почувствува дека Европската Унија не секогаш беше фер кон нас. Но, дали тоа значи дека треба да се откажеме? Апсолутно не! Затоа уште еднаш ќе потенцирам дека на Македонија и е потребна Европската Унија. Тука не зборувам за бркање на европскиот сон! Географски и културолошки, Македонија е составен дел од Европа. Она што нѝ треба и кон кое се стремиме се европскиот стандард, европските вредности и начин на живот, овде и сега, без одлагање и за сите, истакна Ковачевски.