Новиот премиер Димитар Ковачевски, образложувајќи ја одлуката да ги именува досегашните министри од ДУИ повторно во Владата, рече дека тоа го сторил затоа што е задоволен од соработката која ја имал со нив додека ја извршуваше функцијата заменик-министер за финансии.
-Луѓето со кои сум работел никогаш не сум ги делел на кадри од одредена политичка партија или од одредено време. Секогаш ги вреднувам врз основа на нивните професионални перформанси. Со министрите кои беа дел од владата, а сега се повторно дел од оваа Влада, имав соработка како заменик-министер за финансии и можам да кажам дека лично сум задоволен од перформансите на министрите од ДУИ кои ги предложив – изјави Ковачевски.
Новата Влада предводена од Димитар Ковачевски беше избрана вчера, а веќе денеска тој се сретна со претседателот Стево Пендаровски.