Димитар Ковачевски е основач на Пиксел груп и ниту едно бледо соопштение не може да го прикрие фактот дека тој и неговиот кум Горан Паунов преку потпишување на договор сакале да добијат 40 проценти државна помош, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Даниела Марковска од СДСМ.
Најголемата опозициска партија обвинува дека „Ковачевски свесно ги злоупотребува институциите и преку функцијата која ја извршува“.
-Ковачевски дезертира само од војска и дебата, ама кога станува збор за криминал тогаш е прв. Го повикуваме Ковачевски веднаш да ја каже неговата вмешаност во сите бизниси на овој Соларен Картел, и веднаш да си поднесе оставка. Во спротивно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да открива детали за аферата „Броило“, стои во партиското соопштение.