Пропадна обидот на пропагандата на заевизмот да го прикаже пиунот Димитар Ковачевски како дипломец на Харвард. Вистината е дека пиунот Ковачевски е обичен курсаџија. Има скапо платен тридневен курс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Впрочем ова е слика и прилика на лажната реалност која ја создава заевизмот. Манипулираат за биографии, лажат за економија, лажат за здравство, лажат за енергетика, манипулираат во земјоделството, мамат во образованието.
Заев е олицетворение на лагата, па нормално е дека ќе постави заменик сличен на себе. Заев беше потврда дека тој што лаже, тој и краде. Екипата од заевизмот е дел од истата матрица. Дозволија Македонија да потоне во криминал и корупција, а народот да осиромаши. Тие луѓе кога можеа да направат нешто за народот, тие безмилосно ја уништуваа државата. Ете затоа на избори треба заевизмот да биде поразен, бидејќи тој и понатаму живее во СДСМ“ се наведува во соопштението на опозиционерите.