Ковачевски – Дрекслер: Партнерството меѓу Македонија и Германија е силно

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со амбасадорката на Германија во земјава, Петра Дрекслер.

На средбата беа сумирани впечатоците од минатонеделната посета на премиерот Ковачевски на Берлин. Притоа, премиерот Ковачевски изрази благодарност во име на Владата и на граѓаните на Северна Македонија за безрезервната поддршка од Сојузна Република Германија на демократските процеси во нашата земја, интеграцијата во Европската Унија и конкретно за изразената поддршка на спроведување на преговарачката рамка помеѓу Северна Македонија и ЕУ.

Премиерот и во оваа прилика посочи на значењето на Резолуцијата усвоена од германскиот Бундестаг, со која што се изразува силна поддршка на европската интеграција на земјата, и се оддава признание на македонската култура, јазик, идентитет.

На средбата уште еднаш е нагласена силната и недвосмислена поддршка од Германија за продолжување на следните чекори во евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, како неповторлива шанса пред којашто се наоѓа нашата држава.

Поврзани новости