Ковачевски: Драго ми е што можам одблизу да се запознаам со „Отворен Балкан“

by fokus

Заменик министерот за финасии и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва на неговиот Фејсбук профил изрази задоволство што може непосредно да се запознае со иницијативата „Отворен Балкан“ и да даде свој придонес.

-Чест ми што вечерва првпат учествувам на официјален работен настан на иницијативата „Отворен Балкан“. Оваа иницијатива е многу значајна за регионалниот развој на економијата и олеснување на движењето на луѓето, услугите и стоките во регионот. Драго ми е што можам да дадам личен придонес и одблиску да се запознаам за целиот процес, пишува Ковачевски на Фејсбук профилот на кој е објавена и фотографија од заедничката средба во Елбасан на премиерот Зоран Заев, претседателот на Србија Александар Вучиќ и домаќинот албанскиот премиер Еди Рама.

Наместо во Тирана, албанскиот премиер Еди Рама ги пречека македонскиот премиер Заев и српскиот претседател Вучиќ во Елбасан, по повод состанокот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Тројцата присуствуваат на официјалната вечера заедно со делагациите на трите земји, во кои се министри и заменици министри, претседателите на трговско-индустриските комори, вишиот советник на Атлантскиот совет Џим О’Брајан, како и потпретседателот на Фондацијата Отворено општество, Алекс Сорос. Седмиот состанок во рамки на ницијатвата „Отворен Балкан“ ќе се одржи утре во Палатата на бригадите во Тирана.

Поврзани новости