Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и говореше на отворањето на Центар за младински активизам во Општина Тетово, на кое присуствуваа и градоначалниците на Тетово и Гостивар Билал Касам и Арбен Таравари.
Ковачевски истакна дека отворањето на овој простор значи уште едно место каде младите ќе може да ги споделуваат своите идеи, да ги разменуваат своите искуства, да се организираат во активизмот за нивна реализација, затоа што секој млад човек е исклучително важен дел од општеството денес но и за иднината на државата.
Премиерот посочи дека оваа Влада е со прогресивни идеи за напредок и за одење напред на државата.
– Затоа и изминатиот период беа донесени одлуки со кои овозможивме започнување на преговорите за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, кои се од суштинско значење за младите и за сите граѓани, рече Ковачевски.