Ковачевски до Зеленски: Ќе продолжиме да ви помагаме сѐ додека е тоа потребно!

by Fokus

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и ќе испраќаме помош сѐ додека тоа е потребно“ му кажал макдонскиот премиер Димитар Ковачевски на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на билатералната средба во Атин.

Ковачевски за време на средбата со Зеленски ја осудил руската воена агресија и притоа нагласил дека Северна Македонија ќе продолжи со својата недвосмислена поддршка за Украина во напорите за одбрана на земјата и заштита на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.

„Овој пристап Северна Македонија јасно го манифестира како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г-7 за безбедносни гаранции за Украина“ – рекол Ковачевски.

Зеленски изразил благодарност за поддршката на земјава за Украина од почетокот на воената агресија и додал оти украинскиот народ високо ја цени.

Поврзани новости