Ковачевски до Вал: Државата се развива според европските вредности

by fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Килијан Вал, новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е поздравен напредокот на Република Северна Македонија, што го покажуваат развојот на демократијата во државата, почетокот на преговорите со Европската Унија, претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ, што треба да започне од 1 јануари 2023 година.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за придонесот на ОБСЕ во развојот на Република Северна Македонија како демократска држава, рече дека денес Северна Македонија има слободни медиуми, дека има слободни изборни процеси и дека државата се развива според европските вредности, што е од важност како за квалитетот на живот на граѓаните во нашата држава, така и од геостратешко значење.

Претседателот на Владата, како што е наведено во соопштението, изрази уверување дека нашата држава успешно ќе претседава со ОБСЕ, посочувајќи дека Република Северна Македонија се развива како едно општество за сите граѓани, дека ги развива добрососедските односи низ европските принципи на разбирање и меѓусебно почитување и е целосно посветена на европските интеграции како стратешка цел.

На средбата е разговарано и за важноста на владеењето на правото и на борбата против корупцијата.

Поврзани новости