Ковачевски до Мицкоски: Пак ме уценуваш, а знаеш како заврши првиот пат!

by Фокус

Јас кажав повеќе пати и пак ќе кажам, уцени не прифаќам, а ова е втор пат како Мицкоски се обидува да ме уценува и добро знаеме како заврши првиот пат – вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на повикот на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски двајцата да одржат средба за да се договорат за предвремени парламентарни избори.

-Неговите себични политички амбиции мене не ме засегаат, туку интересот на граѓаните и државата. Како Влада имаме многу одговорна работа, а тоа е менаџирање на најголемата економска криза по Втората светска војна. Ниту се потребни средби за избори, ниту се потребни избори туку одговорно делување на сите политички партии. Потребно е функционално Собрание за носење закони и рационално трошење на буџетот во овие кризни времиња“, напиша Ковачевски на фејсбук.

Што се однесува до заканите за некаква радикализација, нагласува премиерот, му порачувам уште еднаш дека како што не прифаќам уцени, уште помалку реагирам на закани.

„Деструктивноста е одлика и заштитен знак на Мицкоски и неговата партија, но тоа граѓаните го гледаат и препознаваат и таквите најави верувам дека силно ги осудуваат. Владата е стабилна и одговорно владее, а најавите на Мицкоски се одраз на немоќ и безидејност за конструктивност. Ако сакаше било што конструктивно да направи досега ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го направи“, истакна Ковачевски.

Поврзани новости