Ковачевски: Дискурсот од Бугарија е како некој со нож да ви го сече стомакот

by fokus

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во вечерашното гостување на ТВ 24 зборувајќи за утрешниот празник рече дека Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата.

-Утре е голем празник. Ние сме држава која била на вистинската страна на историјата. И сега сме на вистинската страна. Од тој пат никогаш немаме отстапено.
И јас го делам чуството со македонските граѓани во однос дискурсот на сите коментари и изјави кои допираа до нас претходниот период додека се водеа разговорите со Бугарија. Тоа е чуствство како некој со нож да ви го сече стомакот. Но, на крајот на денот, вие мора да донесете одлука која се однесува на идните генерации.
Помеѓу мене и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и на некои нови сателити околу нив е во тоа што тие сакаат предку изјави за минатото да ги направат горди, ама горди да седат сами на мала маса, како досега. Јас сакам да ги направам граѓаните горди, но да се седат на големата маса, со заштитен идентитет, рече Ковачевски.

 

 

Поврзани новости