520
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски по денешната средба со владината коалиција, децидно порача – следните парламентарни избори ќе се одржат во редовен термин.
„Предвремените избори нема да ги решат проблемите на граѓаните. Напротив, ќе ги продлабочат затоа го затвораме ова прашање. Следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година“, истакна Ковачевски.