-Денешниот 8 Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и држава со реални перспективи за членство во Европската Унија до 2030 година, рече премиерот Димитар Ковачевски во видео честитката за Денот на независноста.
Тој потсети дека на овој ден пред 32 години, огромно мнозинство од граѓаните се изјаснија дека сакаат да живеат во независна, самостојна, суверена и прогресивна држава.
-Генерациите од 1991-та година, ги водеше гласот за слобода, државност и интеграција, што одекнува од Илинден 903-та и АСНОМ 44-та година. И тие одговорија со граѓанска и политичка одговорност кон аманетот и перспективите, изјави Ковачевски.
Тој рече дека денешниот Ден на независност повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации.
-Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија. Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало, изјави Ковачевски во честитката.
Тој понатаму вели дека денес е вистинско време да се обезбеди лквалитет на животот шѕо го заслужуваме и да имаме земја во која владее правото