Ковачевски денеска ќе поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

by fokus

Актуелниот заменик министер за финансии, Димитар Ковачевски денеска официјално ќе ја поднесе својата кандидатура за претседател на СДСМ.

-Денес официјално ја поднесувам кандидатурата за претседател на СДСМ во седиштето на партијата, рече Ковачевски, по што најави дека ќе даде изјава за медиумите.

„Фокус“ уште пред три недели објави дека Ковачевски е фаворит за лидерската позиција во СДСМ. Тој е доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.

Поврзани новости