Ковачевски: Дебатата за уставните измени ќе трае онолку колку што треба да се донесат правилни одлуки

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека подолго време се води дебата за уставните измени, бидејќи тоа е клучно прашање. Тој ова го кажа во одговор на новинарско прашање уште колку долго ќе трае дебатата за измените на Уставот, кои се услов Северна Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ.

„Фактот дека водиме дебата подолго време значи дека е клучно прашање. Секоја стратешка одлука ја определува иднината на повеќе генерации. Ако не дефинира иднина нема да се води ни толку долго ни толку детално. Ова е исклучително важно прашање и ќе се води толку колку што е потребно за остварување на целите и визијата на граѓаните“, изјави Ковачевски.

Тој рече дека македонските граѓани заслужуваат да живеат во општество според станадарди во ЕУ и дека до пред петнаесетина години Македонија имала многу поголем стандард од дел од земјите членки на ЕУ. Според него овие земји сега имаат подобар стандард и се пред Македонија затоа што се ќленки на ЕУ, која го има еден од најголемите пазари и каде може да се напредува.

Ковачевски на заедничката прес конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се залагодари на САД за поддршката во остварување на стратешките цели на МАкедонија, а тоа се членството во НАТО, а сега и во ЕУ. На Ескобнар му се заблагодари за  неговите лични заложби за развојот на Северна Македонија и за стабилноста на Западен Балкан.

Ковачевски рече дека на состанокот со Ескобар разговарале за  развојот на настаните за  патот на земјата во ЕУ, за успешниот за скрининг од ЕУ, како и за процесот за уставните измени.

„Уставните измени покрај ЕУ и САД го сметаат дека се клучен и важен чекор за нашата европска иднина и продолжување на европските интеграции на С.Македонија. Тоа е ставот на коалициската влада и ист став со огромното мнозинство на македонски  граѓани, од кои мнозинството сакаат да бидат дел од ЕУ“, рече Ковачевски.

Тој рече дека нов договор околу преговарачката рамка со ЕУ нема да има, ниту дека може повторно да се преговара она што веќе е договорено и усвоено со 27-те земји членки на ЕУ.

„Некои наши политичари тоа го користеа и велеа дека ќе може да се направи нов договор, но гледам дека е сменета таа реторика, по  демантите од високите претставници од Брисел“, изјави Ковачевски и додаде дека во овој процес има  целосна заштита на македонскиот јазик и идентитет, а земјата има можност да се движи напред.

Според него билатералните односи со Бугарија се билатерални и нема да влијаат на ЕУ интеграциите.

„Нови барања согласно преговарачката рамка нема и не може да има. Јасна е пораката од САД на голем број состаноци што ги имавме дека Северна Македонија треба да стане членка на ЕУ“, рече Ковачевски.

Поврзани новости