Ковачевски да отвори истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви, бара ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

ВМРО – ДПМНЕ не одговори дали нивниот лидер, Христијан Мицкоски ќе прифати средба со идниот премиер, Димитар Ковачевски кој рече дека откако ќе виде избрана владата ќе го повика Мицкоски на средба, но упати критики за интервјуто на мандатарот.

-Во интервјуто вечерва Димитар Ковачевски ги ветува истите работи кои ги ветуваше неговиот шеф Зоран Заев пред да дојде на власт.

Доколку Ковачевски не сака да е пиун, уште во првите 100 дена треба да има истраги за Зоран, Вице и Трајче Заеви. Доколку тоа не го направи тој ќе се покаже дека е нивен заштитник.

Пиунот Ковачевски е еден од причинителите на енергетската и економската криза. Стандардот на народот секојдневно опаѓа и затоа виновен е Ковачевски кој цел изминат период беше заменик министер за финансии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости