312
Како поддршка во енергетската криза, премиерот Димитар Ковачевски потсети дека од април ја субвенционирале пазарната цена на струјата и тоа со 80 проценти од реалната цена, за сите домаќинства.
– Да не беше ова субвенционирање, граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја. Мерката се однесува и за 72.000 микро, мали и средни компании кои вработуваат 98% од работниците во државата и кои се наоѓаат на регулираниот пазар, каде работат најголемиот дел од вработените во државата, рече премиерот Ковачевски.