„Ковачевски да го надмине своето его и да се согласи на заеднички претседателски и парламентарни избори“

by Fokus

Ковачевски треба да го надмине своето его и треба да покаже еднаш државнички пристап односно државнички капацитет и да се согласи во интерес на сите граѓани на Република Македонија да одиме на едни заеднички претседателски и парламентарни избори.

Ова денеска го порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Тој посочи дека се подготвени на соработка и дека како партија инсистираат на почитување на законските и уставните одредби за одржување на изборите.Тој, меѓу другото, се осврна и на извештајот на Европската комисија.

„Македонија во изминатата година нема никаков напредок во борбата со корупцијата и истата продолжува да се распространува во многу области. Како што е наведено во Извештајот, зголемени се одложувањата на судењата за случаите на корупција на високо ниво што резултираше со истекување на рокот на застареност на некои случаи. Како главна забелешка се нотира измената на Кривичниот законик по забрзана собраниска постапка каде што казните за конкретни кривични дела поврзани со корупција се намалени, што имаше импликации врз примената за застареноста, стопирање, па дури и прекинување на голем број на случаи на корупција на високо ниво. Со овие измени кои ги направи власта се попречува способноста да се истражат и гонат таквите прекршоци“ – изјави Ковачки.

Поврзани новости