Во говорот по повод 11 Октомври, премиерот Димитар Ковачевски порача дека Македонија секогаш била на вистинската страна низ историјата, а така треба да биде и денеска.
-Свесен сум за загриженоста која ја предизвикуваат спорадичните и иритирачки провокации кои и намерно се стимулираат во земјава од страни чии интереси се спротивни на нашите државни интереси. Согласно законите ќе се се справуваме со овие ситуации. Верувавме дека како и за се досега, нашата мудрост е клуч за предивиците.
Оние кои се зарабени во историјата, ја заробуваат и историјата во себе и така таа станува нивна кочница. Но, ние имаме европски поглед кој е насочен кон иднината, врз база на историјата од која учиме и која ја славиме и денеска. Така нејзината вредност води напред и не поставува на вистинската страна.
Тоа е поглед напред како што го имале Мирче Ацев, Стив Наумов, Коста Солев Рацин, Бајрам Шабани, Карпош, Ибе Паликуќа и многу знајни и незнајни борци кои дејствувале по примерот на Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Никола Карев, Питу Гули, а за чии подвизи пишувале Славко Јаневски, Ацо Шопов, Блаже Конески. Се пишува и денес, а ќе се пишува и навек на македонски јазик.
Чест и гордост ми е што сум Македонец, чест и гордост ми е што сум роден во Куманово – порача Ковачевски.