276
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
На денешниот Ден на македонската револуционерна борба гордо ги споменуваме македонските револуционери и нивниот стремеж, истрајност и исклучителна храброст во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност. Континуитетот на борбата за слобода и придонесот на револуционерите во реализирањето на вековниот идеал за независна македонска држава е денешен мотив, од Република Северна Македонија да создадеме европска и напредна држава – се вели во честитката од премиерот.