Ковачевски, Битиќи и Петровска ги претставиле можностите за инвестирање на делегацијата од компанијата Хјундаи

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, денека се сретнаа со делегација на Hyundai Motor Group, предводена од извршниот директор Еуисун Чунг и јужнокорејскиот амбасадор, Бае Јонинг, соопшти прес службата на Владата.

„На средбата се разговараше за потенцијалот кој Северна Македонија го има за странските инвестиции, како и за владините политики за создавање на поволна бизнис клима за привлекување странски инвестиции. На состанокот се потенцираше дека Северна Македонија нуди низа предности за инвестирање, меѓу кои и стратешка локација, блискост до солунското пристаниште, добра патна инфраструктура, а во тек е изградба и на автопатот до пристаништето во Драч“, соопшти Владата.

Од Владата објаснуваат дека премиерот Ковачевски на средбата кажал дека покрај ова заедно со договорите кои Северна Македонија ги има потпишано за слободна трговија кои овозможуваат пристап до пазарите во 40 земји со 600 милиони потрошувачи ја прават нашата земја одлична дестинација за странските инвеститори.

„На средбата делегацијата на Hyundai се запозна со фактот дека во моментов 40 бизнис капацитети во нашата земја се во сопственост на странски инвеститори од Тајван, Германија, Канада, САД и за финансиската поддршка која Владата ја нуди на меѓународните инвеститори кои користат локални добавувачи“, соопшти Владата.

Поврзани новости