Ковачевски бил примен на Инфективна поради труење со храна

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот.

-Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“.

Според него, во моментов Ковачевски е дома и е во добра здравствена состојба.

-Безбедносни протоколи има и во секое време и во делот на исхраната. Сепак вакви случаи се можни и нормални, дури и за носители на функции, посочи Спасовски.

Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника и пуштен е дома и е во добра здравствена состојба.

-Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба, велат од Владата

 

Поврзани новости