Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
-На Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, со гордост се сеќаваме на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност.
Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава.
Нивната храброст и одлучност, како што потенцира премиерот, е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели.
Учиме од историјата и чекориме силно и храбро кон иднината. Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, се вели во честитката на Ковачевски.