Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен план се до остварување на нашата прва стратешка цел-членството во НАТО, изјави премиерот Димитар Ковачевски на одбележувањето на 31 годишнината од формирањето на Македонската Армија (АРМ).
Тој им се заблагодари на припадниците на армијата за се што сториле за татковината, и додаде: „Армијата е гордост на нашиот народ, вие сте припадници на моќна и почитувана армија, гарант на мирот и безбедноста на Северна Македонија“.
„Како членка на НАТО денес Армијата на Северна Македонија придонесува во операциите на мисиите за поддршка на мирот. Ги промовирате заедничките вредности во Алијансата, придонесувате за заедничката надворешна и безбедносна политика, истовремено развивајќи ги капацитетите на нашата Армија“, рече Ковачевски.