Ковачевски – Агелер: Северна Македонија по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ

by Fokus

Сите политички партии во државата треба да го поддржат европскиот пат на државата, е заклучокот од средбата на премиерот Димитар Ковачевски со американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер на која се разговарало за суштинските прашања во врска со напредокот на Северна Македонија во евроинтеграциите.

„Како Влада, ја почитуваме добронамерноста на нашиот голем и стратешки партнер САД, како и на другите пријателски држави, членки на НАТО и ЕУ коишто нè поддржуваат во следниот исчекор во евроинтеграциите, којшто има одредувачка насока кон полноправното членство на нашата држава во ЕУ.

Реално е очекувањето тоа да се случи до 2030 година и подготвени сме со уште посилен интензитет да работиме на потребните реформски процеси. Граѓаните заслужуваат да живеат во држава членка на Европа, со европски квалитет на живот и европска иднина за младите, во родната земја“, рекол Ковачевски.

Од Владата истакнуваат дека на средбата била реафирмирана јасната порака на САД дека Северна Македонија, по членството во НАТО, треба да стане членка и на ЕУ, за што, нашата држава има силна и конкретна поддршка од САД.

Поврзани новости