Ковачев не може да влезе во Македонија, но Силјановска се сликаше со него во Букурешт

by Fokus

Фотографиите од Гордана Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, еден од најжестоките антимакедонисти предизвика многу реакции во земјава. Ковачев (член на ГЕРБ) и Силјановска-Давкова се сретнаа на конгресот на Европската народна партија во Букурешт каде што кандидатката за претседател беше однесена од ракводството на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради постојаното антимакедонство, па и нападот против АСНОМ дека бил „столб на антибугарството“ лани во мај на Андреј Ковачев, на претседателот на бугарската фондација „Бугарска историја“ Милен Врабевски и на уште тројца други бугарски државјани не им беше дозволен влез на македонска територија на граничниот премин „Ново Село“.

Од СДСМ тврдат дека средбата на Силјановска-Давкова со Ковачев Андреј Ковачев потврдувала дека блокадите на иднината на земјата им била заедничка цел.

„Силјановска се гордее со Ковачев на кого му беше забранет влез во земјата, кој еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик, историја и култура.

Тој ја користи секоја прилика да зборува дека Македонија е вештачка држава, дека Македонците се вештачки создаден народ, дека македонскиот јазик е вештачки создаден.

Силјановска гордо стои со Ковачев, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата, велат од СДСМ.

 

Поврзани новости