Ковачев на Фејсбук: Сања Божиновска е подложена на јавен линч затоа што е Бугарка

by Fokus

„Неколку месеци, Сања Божиновска, министерка за енергетика на Северна Македонија, е подложена на тежок јавен линч бидејќи е Бугарка. Таа и нејзиното семејство, заедно со над 150.000 други граѓани на РСМ, стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско етничко потекло и изјавиле дека се чувствуваат Бугари“, напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„Покрај Сања Божиновска, има и десетици актуелни или поранешни премиери, министри и заменици кои самите или нивните семејства се во иста ситуација на најголемиот прекршок – да се Бугари. Очигледно е дека за да ги задржат своите функции и кариери, тие се принудени да ја кријат својата бугарска самосвест и потекло, а често дури и да ја клеветат Бугарија само за да не бидат осомничени дека се Бугари. Без да ги оправдам за ова, донекаде ги разбирам – тие само се обидуваат да преживеат по цена на се. Иако формално на високи позиции, и тие, како и другите десетици илјади Бугари таму, се жртви на антибугарската пропаганда и омраза, останати од времето на комунизмот и Титова Југославија, а кои денес станаа главна државна идеологија и политика“, пишува Ковачев.

Тој ги повикува бугарските власти и институции „да ги заштитат правата и честа на Сања Божиновска, нејзиното семејство и сите други граѓани на РСМ кои се дрзнале да го признаат своето бугарско потекло и да се изјаснат како Бугари“.

„Ги повикувам и пратениците на идното Народно Собрание на Бугарија што поскоро да ги усвојат еклатантно неопходните измени на Законот за бугарско државјанство, со кои ќе се направи јавен регистар со имињата на сите оние кои се стекнале со бугарско државјанство, како како и да се олесни стекнувањето државјанство на овие наши сонародници, кои отворено го декларираат своето бугарско потекло и бугарскиот етнички идентитет. Така, тие веќе нема од што да се кријат, а оние кои агресивно ја клеветат Бугарија – ќе им се види вистинското лице“, вели Ковачев во објавата.

Поврзани новости