„Додека Зоран Заев, Стево Пендаровски и Никола Димитров се во обиколка на европските метрополи, се жалат против Бугарија, Христијан Мицкоски директно бара поништување на Договорот за добрососедството. Вистината е дека тој и неговиот претходник, Никола Груевски, отсекогаш биле против неговото потпишување“. Ова го изјави европратеникот од ЕПП, Андреј Ковачев, пренесе БГНЕС, по даденото интервју на опозицискиот лидер за неделникот „Фокус“.
„Долго време имав дилема кој од нив е поголем бугарофоб, но долго време знам дека има јасен победник на ова натпреварување и ова не е бегалецот во Будимпешта. Мицкоски мора да признае дека, за разлика од многу други тамошни политичари, кои зборуваат едно приватно, друго пред медиумите, тој е многу јасен, прецизен,, искрен и доследен … во неговата омраза кон сè што е бугарско. Вистински шампион на антибугаризмот! Злобните јазици ќе најдат еквиваленти само меѓу српските четници од почетокот на 20 век, против кои се бореше ВМРО“, додаде Ковачев.