Ковачев: Македонија нема да почне преговори сега, но тоа може да се случи во 2021

by Фокус

На 17 ноември очигледно нема да се донесе одлука за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ, но јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, изјави европратеникот од ГЕРБ Андреј Ковачев.

-Сето тоа сега зависи од Скопје. Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови – вели Ковачев.

Тој не ја исклучи можноста преговорите со Македонија да почнат за време на едно од наредните претседателства со ЕУ во 2021 година.

Поврзани новости