998
На 17 ноември очигледно нема да се донесе одлука за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ, но јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, изјави европратеникот од ГЕРБ Андреј Ковачев.
-Сето тоа сега зависи од Скопје. Ако одлучат да го сменат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да престанат да користат говор на омраза, тогаш ќе имаме друго решение. Но, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во наредните денови – вели Ковачев.
Тој не ја исклучи можноста преговорите со Македонија да почнат за време на едно од наредните претседателства со ЕУ во 2021 година.