Ковачев: И ЕПП поднесе амандмани кон извештајот за Македонија за недискриминација на Бугарите

by Фокус

Европскиот парламент утре и задутре треба да гласа за годишниот извештај за Република Северна Македонија, кон кој групите на Зелените и Социјалистите во ЕП доставија предлози за измени и дополнувања на Извештајот, кои се однесуваат на непримерно и провокативно однесување на бугарските власти. Во амандманите, претставници на бугарската влада се обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“ кои ја засегаат Северна Македонија.

Бугарските европратеници најавија дека ќе гласаат против амандманите предложени од социјалистите и зелените во Извештајот за напредокот на Северна Македонија, кои содржат квалификации неприфатливи за Бугарија. Иако се само од консултативна природа, извештаите за напредокот на ЕП за земјите-кандидати ги одразуваат чувствата на различните политички сили во Европскиот Парламент.

Бугарскиот европратеник од Европската народна партија, Андреј Ковачев оценува дека амандманите на Социјалистите и Зелените се неправедни и неизбалансиран и не одговараат на реалноста. Тој се надева дека нема да бидат изгласани и оти ќе бидат укинати за време на самото гласање.

-Европската народна партија во знак на солидарност ја поддржа Бугарија. Поднесовме два амандмана во име на ЕПП, кои се поврзани со одлуката на ЕП дека претходните препораки за недискриминација на луѓе кои отворено изјаснуваат дека се со бугарски припадност или потекло, не се имплементирани и сè уште е проблем да се каже дека имаат нешто заедничко со Бугарија. Ова е сериозен проблем и доведува до навреди, дискриминација во општеството и на работното место. Овие се реалности што постојат и ЕП мора да ги потврди во оваа резолуција –  вели Ковачев.

Поврзани новости