Ковачев го искара Пендаровски: Ова да биде последен пост, Миладиновци се Бугари

by fokus

Европратеникот Андреј Ковачев денеска на својот Фејсбук профил објави текст во кој се реагира на објава на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Според него, ваквиот пост на Пендаровски или кој било друг официјален претставник на Северна Македонија треба да биде последен напишан на ваков начин.

-Со францускиот предлог, почитувањето на Договорот за пријателство и добрососедство ќе биде главен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот на преговорите за членство во ЕУ. Упатувањето во самата преговарачка рамка на протоколите од членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја. Секако, за Браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Тогаш, покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење за бугарската култура, а пред се нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана – бугарски, а самите за Бугарите, вели Ковачев.

Тој додава дека на овој начин, верува, ќе се престане со „манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или Гоце Делчев, пред извесно време“.

-Па, уште не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, како оние од протестите деновиве, кои пенат од уста на спомнувањето на „Бугарите“, вели Ковачев.

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии од посетата на спомен-куќата на Димитар и Константин Миладинови, во Струга.

-Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга. Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас, напиша Пендаровски.

Поврзани новости